Класите во Python претставуваат прототип според кој се креираат објекти, со здружени податоци и функционалност. Со помош на една класа се овозможува да се креира нов тип на објект и понатаму може да креираме една или повеќе инстанци истиот тип.
Објект претставува еден елемент (инстанца) од класата, кој ги поседува сите својства на класата. Креирање на еден објект (инстанца) се вика инстанцирање.