__init__(): Овој метод се извршува при секое инстанцирате на објект. Со помош на __init__() на објектите им се доделуваат вредности за сите или за одредени атрибути и/или се извршуваат одредени операции кои се потребни при иницијализација на инстанца на објект.
__str__(): Методот__str__() контролира која вредност ќе се врати кога објектот од класата е претставен како стринг. Овој метод враќа „неформална“ репрезентација на објектот, која е најчесто пократка. Ако не е дефиниран од страна на корисникот тогаш се повикува методот __repr__().
__repr__(): Методот __repr__() е многу сличен на __str__ – и двата генерираат некаква текстуална репрезентација на објектот од класата, со тоа што __repr__() содржи повеќе информации и претставува „официјална“ текстуална репрезентација на објектот.
Оваа интернет страница користи колачиња за да се осигури дека ќе го добиете најдоброто искуство на нашата веб-страница. Доколку продолжите да ја користите веб-страницата ќе претпоставиме дека ја прифаќате политиката за користење на колачињаВо ред